Филипче: Засега не е потребно воведување на полициски час, се намалува преносливоста на вирусот

Прочитај за: < 1 минута

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче, денеска во изјава за медиумите објасни зошто засега не е потребно воведување на полициски час, но од друга страна ја потенцираше важноста за почитување на мерките поради сериозниот притисок на здравствениот систем и брзото исполнување на болничките капацитети, како и недостаток на медицински кадар – пренесува Слободен Печат.

Анализите покажуваат дека е намалена преносливоста на вирусот. R0 (ер нула) факторот на преносливост е намален од 1,5 на близу 1, тоа значи дека еден човек при непосреден контакт зарзаувал, 1,5 човек, сега анализите покажуваат дека заразува помалку од 1. Министерот изјави дека мерките даваат разултати, но предупреди дека вирусот е непредвидлив и во даден момент може да се влоши клиничката состојба на пациент па да треба голем број пациенти да се хоспитализираат. Тоа значи огромен притисок врз здравствениот систем.

Се повеќе одделенија се пренаменуваат да третираат пациенти со ковид. Многу веројатно е дека за многу кратко време, тоа може да доведе до намалување на обемот на нормалната работа на одделенијата, редуцирање на термините преку системот Мој термин како за прегледи така и за интервенции, дијагностички или оперативни. Сите се посветени на оваа работа координаторите на интерните клиники, Инфективната клиника, во болниците сите одделенија практично и целокупниот кадар е посветен, и по систем на ротација спремен да помогне во третман на ковид пациентите , но тоа оди се потешко – изјави министерот.

Повеќе >> Слободен Печат