Газдата ја избркал бидејќи била бремена и не доаѓала на работа

Прочитај за: < 1 минута

Работничка од приватен сектор во Куманово ја доби првата кривична пресуда за кршење на работнички права за време на корона-кризата, соопшти Кристина Ампева од Гласен Текстилец. 

Таа нагласи дека за време на оваа здравствено – економска криза, каде што многу работници останаа без работа, со незаконски откази, утринава ја добила  позитивната вест.

„Гласен Текстилец го следеше судскиот случај, на една работничка од Куманово, којашто беше бремена и ги користеше времените мерки донесени од Владата, со коишто бремените беа ослободени од работа.

Работодавачот и даде незаконски отказ, поради кршење на ред и дисциплина. Оваа работничка собра храброст и го тужеше работодавачот, со тужба поради работен спор и приватна кривична тужба и ја доби оваа битка, со што судот го усвои тужбеното барање, го утврди незаконитото постапување, со кои се повредени работничките права.

Судот го поништи решението за откажување на договорот за вработување, како незаконито“, вели Ампева.

Повеќе информации по оваа тема прочитајте на Фактор.мк

SHARE