Д-р Горан Вукомановиќ: Високата температура не се намалува со антибиотик – АНТИБИОТИКОТ НЕ Е АНТИПИРЕТИК!

Прочитај за: 4 минути

Антибиотиците не можат да ги излечат вирусните инфекции. Тие ја ослабуваат имунолошката способност на организмот да се бори со инфекциите кои не се бактериски, а ова е особено изразено кај деца кои често примаат антибиотици.

ПИШУВА: Д-р Горан Вукомановиќ, педијатар
Универзитетска детска клиника „Тиршова“, Белград, Србија
♦♦♦♦♦♦♦

ДАВАЊЕ НА АНТИБИОТИЦИ КАЈ ДЕЦА СО ВИРУСНИ ИНФЕКЦИИ
ЗАБЛУДИ И ВИСТИНИ ЗА АНТИБИОТИЦИТЕ КОИШТО РОДИТЕЛИТЕ ТРЕБА ДА ГИ ЗНААТ

Недвосмислено е јасно дека антибиотиците НЕ можат да ги излечат вирусните инфекции! Тажен е фактот дека децата (ова важи и за возрасните) често НЕПОТРЕБНО добиваат антибиотици – иако се работи за јасни вирусни инфекции!

Тоа е еден, ако не и најважен вид на неправилна употреба на антибиотиците, но исто така и главна причина за растечката отпорност (резистентност) на бактериите на антибиотици. Ние сме сведоци на појавата на „супербактерии” кои НЕ МОЖЕМЕ да ги победиме со ниту еден познат антибиотик, но и на зголемениот број на „обични“ бактерии кои повеќе не реагираат на стандардните антибиотици, туку бараат употреба на далеку посилни (и со многу повеќе несакани ефекти) антибиотици, кои мора да се даваат интравенозно – во болнички услови.

За жал, се повеќе пациенти умираат поради зголемената резистентност на бактериите, а Светската здравствена организација предвидува дека до 2050 година ќе има десет милиони смртни случаи годишно, токму поради резистентните бактерии.

Вирусите се многу честа причина за појава на високи температури, а тие НЕ СЕ ЛЕКУВААТ со антибиотици! Пример за тоа е актуелниот грип, а за жал и епидемијата на мали сипаници

Вирусите напаѓаат од сите страни, во исто време имаме грип, варичела (овчи сипаници), мали сипаници (морбили), вирусни дијареи…, чекалните се полни, а родителите често ги притискаат педијатрите да го „покријат” детето со антибиотици – тоа едноставно НЕ ТРЕБА да се прави, бидејќи не е добро за децата! Кај вирусните инфекции НЕМА корист од „покривање” со антибиотици – напротив!

Не треба да се заборави дека антибиотиците имаат и несакани ефекти, а особено треба да се нагласи дека денес се добро познати механизмите како антибиотиците го НАРУШУВААТ имунитетот на детето! ДA – не е погрешно напишано, антибиотиците ја ОСЛАБУВААТ имунолошката способност на организмот да се бори со инфекциите кои НЕ се бактериски! A ова е особено изразено кај деца кои често примаат антибиотици.

Многу нешта треба да се преземат за да се реши ова, а ние одлучивме да ги откриеме најчестите заблуди кои речиси секојдневно се случуваат, а се поврзани со непотребната – погрешна примена на антибиотски сирупи (или инјекции) кај деца со вирусни инфекции. Ги поделивме на неколку делови, во форма на најчестите примери од секојдневната педијатриска практика за да ви олесниме да ги прочитате и усвоите.

AНТИБИОТИЦИ КАЈ ЗГОЛЕМЕНА ТЕМПЕРАТУРА И КАЈ ПРОБЛЕМИТЕ КОИ ОДАТ СО АКТУЕЛНИТЕ БОЛЕСТИ КОИ ГИ ПРИДРУЖУВА

Штом е температурата висока сигурно се работи за бактериска инфекција. Колку што е можно поскоро да се даде антибиотик.
Не е секогаш така!

Покачената телесна температура е еден од знаците за инфекција, но не укажува на типот на предизвикувач кој ја предизвикал инфекцијата. Високата температура е неспецифичен показател, што значи дека знаеме само дека детето има проблем, но не знаеме зошто е висока температурата. Високата температура обично оди со инфекции, но и со други болести кои не се инфекции, а кои се проследени со висока телесна температура. Кога зборуваме и за инфективни заболувања кај децата, вирусите се многу честа причина за појава на високи температури, а тие НЕ СЕ ЛЕКУВААТ со антибиотици! Пример за тоа е актуелниот грип, а за жал и епидемијата на мали сипаници.

Вирусите напаѓаат од сите страни, во исто време имаме грип, варичела (овчи сипаници), мали сипаници (морбили), вирусни дијареи…, чекалните се полни, а родителите често ги притискаат педијатрите да го „покријат” детето со антибиотици – тоа едноставно НЕ ТРЕБА да се прави, бидејќи не е добро за децата!

Прегледот на детето, со помош на рутински анализи (крвна слика, ЦРП и преглед на урината) брзо ја решава дијагностичката дилема, па кога ќе се востанови дека се работи за вирусна инфекција – НЕ СЕ ДАВА антибиотик, без оглед на висината на температурата. Значи, НE требa ВЕДНАШ да се дава антибиотик само затоа што детето има висока температура!

Детето имало фебрилни конвулзии – „фрас“, па затоа најдобро е веќе при првата следна епизода со зголемена температура веднаш да се даде антибиотик – за секој случај.
Сосема погрешно!

Фебрилни конвулзии се јавуваат НЕ поради некоја посебна бактериска или вирусна инфекција, туку поради посебната реакција на детето (кое има предиспозиција – тенденција кон „фрас“) на висока температура!

Затоа најважно е температурата да се НАМАЛУВА (со лекови – антипиретици со ладење на детето), a додека не се утврди причината за високата температура НЕ ТРЕБА „на памет“ да се започнува со антибиотска терапија!

Aнтибиотикот не е антипиретик – лек со кој се намалува зголемената температура, значи со антибиотик НЕ се намалува високата температура!

Детето има грип, дијагнозата е потврдена и со крвната слика во која леукоцитите се на долната граница. Веќе пет дена има висока температура, сепак, да се даде антибиотик – за да се спречи ширење на вируси и компликации!
Oва никако не смее да се прави!

Со антибиотик не може да се спречи ширењето на вирусите. Причината е проста – aнтибиотиците ги убиваат бактериите, но не и вирусите, па и вирусот на грип. Toа што детето има пет дена температура е ТИПИЧНО за актуелниот грип! Високата температура обично трае седум дена.

Факт е дека кај грипот понекогаш можат да се очекуваат компликации кои се лекуваат со антибиотик, но тоа не се прави пред време!

Прво, детето може да помине и без компликации, а второ, ако дојде до појава на компликации „под антибиотик“ во терапијата ќе мораме да вклучиме друг „појак“ (со поширок спектар) кој е често во форма на инјекција. Затоа одлуката за евентуалната антибиотска терапија ја донесува ИСКЛУЧИВО педијатарот – по преглед на детето!

Веќе четири дена има зголемена температура и затнат нос, а педијатарот (по изработена крвна слика и преглед) заклучи дека се работи за вирусна инфекција. Денес, се жали на повремени главоболки во челото, а јас имам чести воспаленија на синусите, па да дадеме веднаш антибиотик – за да не се искомплицира.
Toа НЕ треба да се прави!

Повремените болки во челниот (фронталниот) предел на главата НE мораат да значат дека детето има синузитис. Главоболката често пати се јавува кај актуелните вирусни инфекции, а обично е поврзана со затнатиот нос.

Дури и ако е воспаление на синусите, тоа кај децата речиси секогаш е ВИРУСНО, особено кога се работи за прва епизода на синузитис. Затоа е бесмислено и опасно да се дава антибиотик „за секој случај”. Јaсно е дека тука се работи за вирусна инфекција, а во тој случај антибиотиците немаат што да бараат!

Tребa да се одзатне носот, да се даде ibuprofen и да се следи детето.

извор: педијатар.мк

SHARE