Високиот притисок треба да се лекува со раце, а не со апчиња

хипертензија, висок притисок
Прочитај за: 4 минути

Московскиот доктор Александар Шишонин го говори она што ниеден доктор нема да ви го каже. Неговите остри одговори немилосрдно ги рушат сите двоумења на модерната медицина. Еве што тој вели за хипертензијата:

„Денес говориме за главниот убиец – хипертензијата. Од хипертензија пати 26% од популацијата. Со оглед на тоа што болеста се поврзува со стареењето, излегува дека речиси секој пати од висок крвен притисок.

Ова е најчестата и најпотенцијалната болест која не може секогаш да се почувствува. Имав еден случај кога 30-годишен пациент ми се жалеше на болки во долниот дел од грбот. Кога му измерив притисок имаше 180 со 90! Тоа е многу подмолна хипертензија: Човек си живее и нема поим што се случува со него, а еден ден „здрав-прав“ќе си умре!

Во модерната медицина постојат два типа хипертензија. Првиот се однесува на некои болести, како на пример тумор на надбубрежна жлезда. Со оваа болест постои огромна количина на хормони кои предизвикуваат константно висок притисок. Истиот ефект го дава и зголеменото производство на тироидни хормони. Ако ја излекувате штитната жлезда и го отстраните туморот од надбубрежната жлезда – ќе ја излекувате и хипертензијата.

Постојат неколку стотици такви болести кои можат да предизвикаат секундарна хипертензија. Тоа е случај кај 5% од пациентите со хипертензија, а останатите 95% од пациентите одат на лекар да се испитаат, а тој не може да ја најде причината, па ќе им рече: „Вие патите од есенцијална хипертензија! Еве ви апчиња за притисок“.

Пациентот ќе се исплаши: Ако не сака да добие срцев или мозочен удар, мора да пие апчиња. Но тој не знае дека секако ќе добие срцев или мозочен удар!

Што е всушност есенцијална хипертензија? Тоа е хипертензија на хипертензијата. Но, повторно ова е апсурд, бидејќи хипертензијата е симптом, а не дијагноза. Тоа е неспецифична реакција на телото како и температурата. И тоа се нарекува посебна болест. Па докторот само паметно ќе климне со главата и ќе ви рече: „причина за вашата хипертензија е хипертензијата“.

Тоа е исто како да ви каже: имате грозница, бидејќи имате температура, а вашата болест е – температура. Да ја победиме температурата!

Покачаниот крвен притисок, како што е покачената телесна температура, е реакција на телото на нешто. Современата наука не знае на што, па затоа поставува таква дијагноза: Хипертензија!

А потоа се поставува прашањето: Како да се намали притисокот? Почнав да размислувам: Што се случува кога притисокот расте? Артериолите се компримирани. Неопходно е да се пронајде лек кој ќе делува на мазните мускули од крвните садови, спречувајќи ги да контрахираат.

Лековите кои им се даваат на пациентите со хипертензија се чист отров. Како што некогаш докторите им пуштале крв на пациентите, така денес им нудат диуретици за мокрење. Докторите си мислат: Ако го намалиме притисокот во бубрезите и меурот, ќе го намалиме и притисокот на телото…

Пете чаеви, земате диуретици и што се случува: Тромбови! И ете ви смрт! А зошто телото започнало нагло да акумулира вода и да го зголемува притисокот, тоа никој не го знае и не се ни прашува! Тоа е само дијагноза, бидејќи денес се „лекуваат“ само симптомите, а не и болеста!

Толку многу лекови му се даваат на пациентот да пие, што на крај тој умира од труење со лекови!

Токсините од лековите толку многу ги затруваат клетките на органите, што тие веќе не можат да ја извршуваат својата функција. На крајот од краиштата, освен крвта и крвните садови, овие лекови го уништуваат срцето, а најмногу црниот дроб. Во Европа на пациентите кои повеќе години пијат лекови за крвен притисок, напоредно им се даваат и лекови за црн дроб, кој подоцна толку многу е оптеретен што доаѓа до цироза.

А бидејќи е оптеретен црниот дроб, трпи и пати панкреасот и подоцна преминува во хроничен панкреатитис. Покрај сето тоа доаѓа до болести на бубрезите бидејќи целиот тој отров се излачува од телото.

Таквиот пациент оди кај својот доктор и му вели: „Докторе направете нешто само повеќе да пијат една шака лекови!“

А тој доктор ќе го упати својот пациент на гастроентролог кој исто ќе му препише шака лекови за стомак и желудник. Потоа бубрезите ќе пропаднат, па ќе дојде до хронична хемодијализа.

А што ќе се случи ако пациентот ги одбие лековите за хипертензија?

Веројатно ќе живее подолго. Статистиката тоа нема да го потврди, бидејќи правена е врз основа на луѓе кои ги пиеле лековите.

Луѓето можеби не знаат, но кога нагло ќе се покачи крвниот притисок, може да спушти со една ракиена чашка. Всушност, една чашка ракија има исто дејство како и апчето за притисок. А уште подобро делување на човековото тело има половина час прошетка. Притисокот веднаш се намалува.

За да не преминете од хипертензија во алкохолизам, мој совет е наместо чашка ракија да пиете неколку капки чист алкохол со неколку капки валеријана. Целта е да се намали стресот и притисокот во главата – да се смирите!

Кога пациентот чувствува како му се покачува притисокот, него го фаќа паника. Во тој момент треба да се преземе нешто, за да го намалите без лекови и да останете живи. На оној кому ова еднаш ќе му успее, повеќе нема да се плаши кога притисокот ќе започне да му расте.

Причината за висок притисок лежи во мозокот. Мозокот дава наредба да се зголемува притисокот, бидејќи му недостига кислород. Мозокот е главен потрошувач на кислород. Не се грижи какви се крвните садови ниту какво е срцето. Дури и доколку срцето престане да работи 5 минути, мозокот упорно ќе дава наредби да се зголемува притисокот, бидејќи тој не може без кислород.

Мозокот е тој кој започнува да ги задржува течностите во телото и не дозволува да се излачи вишокот низ бубрезите. Он е тој кој претерано ги стимулира невроните на срцевиот мускул. И сето тоа го прави затоа што хронично нема доволно кислород.

А зошто мозокот нема кислород? Одговорот е едноставен: Цервикална остеохондроза – која доведува до болки во главата, вртоглавици, шум и зуење во ушите… Отстранете ги мускулните грчеви, поставувајќи ги прешлените на нивното вистинско место, со отворање на крвотокот, па мозокот ќе започне да прима доволни количини крв и ќе престане да бара кислород и да испраќа сигнали за покачување на притисокот.

Хипертензијата ќе исчезне. 95% од случаите со хипертензија може да се излекуваат без лекови на тој начин. Само со рацете! Имам 12 години пракса и илјадници пациенти кои тоа ми го потврдуваат секојдневно!

Извор: nmd.mk

SHARE