Храна која го забрзува метаболизмот

Имањето брз метаболизам обично се поврзува со слабеењето, но тој е поврзан со полно здравствени придобивки како што се намалениот ризик од дијабетес или хронични воспаленија. Полно работи влијаат на брзината на метаболизмот, вклучувајќи ја и староста, работните навики, но и храната која што ја јадеме.

Веќе е познато дека зелената храна богата со влакна е исклучително добра за метаболизмот, нo тука спаѓаат и други продукти кои го забрзуваат, како што се:

1) Халапењо пиперчиња

Лутите пиперчиња како што се халапењото привремено го забрзуваат метаболизмот, а причината за тоа е количината на топлина која телото ја создава и со која се согоруваат поголем број на калории во процес наречен термогенеза индуцирана со исхрана.

2) Семе од чиа

Чиа семето содржи ALA – алфа линолеична киселина – која го подобрува метаболизмот. ALA е омега-3 масна киселина и дел од нејзината задача е да го уништи талогот кој се создава во артериите, а со тоа го намалува и крвниот притисок и холестеролот.

3) Овес

Храната која содржи резистентен скроб – вид јаглехидрати кои се однесуваат како влакна – е поврзана со забрзување на метаболизмот.

4) Јачмен

И јачменот содржи резистентен скроб, а може да се консумира во форма на чај, да се додава во супи, салати или пак да се зготви како оброк наместо ориз или киноа.

loading...
SHARE