Д-р Игор Спироски: Работам со пациенти, но останав негативен на вирусот – еве како се штитам

Прочитај за: 3 минути

Од почетокот на кризата со оваа пандемија, најголема загриженост владееше за медицинскиот персонал, кој е и најизложен на вирусот. Но, со текот на времето, се покажа дека најмалку заразени има од оваа категорија на луѓе.

Одговорот зошто е тоа така, најдобро го илустрира кардиологот, д-р Игор Спироски, кој објаснува како успеал да се заштити од вирусот:

„Како останав негативен до сега!? Денес го направив четвртиот тест годинава, негативен е. Антителата покажуваат дека сум немал контакт со овој тип на вирус.

За себе сметам дека сум доста овторена и социјална личност со изложена работа во периодов (лекар), изложено хоби (музички селектор- Дј) и доста пријатели од најразлична провиниенција.

Би сакал да го споделам со вас мојот начин на живот и со тоа можда да придонесам за побезбедна есен/зима како и кон поадекватни мерки кој ги превзема владата. Истовремено да се забалгодарам на мојата институција – Кардиологија каде се одржува брзбедна средина за работа како и на мојот прв и втор круг на пријатели со кои делиме ист ризик во времево нереме.

На работното место не користам Н95 маска, користам обична заштитна затоа што верувам дека вирусот најмногу се шири преку флугеови капки (микроплуканка) од инфицирана личност.

Редовно користам дезифициенс после секое влегување во затворена просторија. Неретко кога можам, носам заштитни наочари или кога разговарам со пациенти ги користам и моите диоптриски очила како заштита.

Со пациентите и колегите разговараме на дистанца и носење на заштитна маска. Во сала влегувам со вообичаена заштита и тоа е тоа но биг деал. Со моето хоби ситуацијата е лесно поинаква.

Прво селекцијата на музика схто ја пуштаме се адаптира на новонастанатата ситуација слоу гроовес- атмосфера музика, второ местата каде пуштаме вообичаено добро го изолираат дј от од останатите гости и се чувствувам безбедно.

Трето, не носам секогаш маска кога поминувам низ затворен простор но добро пазам да се изолирам и себе и соговорникот од близок контакт и прелетување на флугеови капки.

Користам дезинфициенс и вообичаено добро сум заштитен со внимателната услуга на местата каде што одам (одам само таму каде што има вакви услови). Е сега далеку од тоа дека сум цело време заштитен по пропишаните норми но постојано мислам на дистанцата и на флугеовите капки.

Последниот чекор е најпроблематичен…а тоа е социјализацијата. Не може човекот без социјализација, тоа е јасно. Изборот мој и на моите блиски пријатели е да го поделиме ризикот во дадена група која не е поголема од десет луѓе.

Сите од нив имаат адекватен став и познавања за вирусот и неговите карактеристики и истовремено алфа зборувачот добива секогаш предупредување за тонот и близината за разговор.

Се одржува дистанца и се инсистира на сопствен прибор во друзхбите во затворен или отворен простор. Направен е круг во кој се дели ризикот. Избегнувам колку можам масовни собирања. Далеку дека сум 100 проценти заштитен но повеќе не можам.

Муабетот ми беше И на отворено и на затворено има огромна опасност во гужва и намалаено растојание само заради олеснето ширење на микроплуканка од усна шуплина во друга шуплина или очна слузница, посебно кога не се носи маска.

Посебно во есенски услови кога е зголемено движењето внатре надвор во местата. Според мене, ова е ситуацијата на која треба да обрати внимание владата. Ограничена гужва и носење маски.

Сè друго е драконско и неадекватно а посебно запирање на активноста на музиканти музичари и музички селектори Диџеи. Ве поздравувам и бидете внимателни“.


SHARE