Инфективна останува без персонал! Си заминува уште една медицинска сестра

Прочитај за: < 1 минута

Од Клиниката за инфективни болести си заминува уште една медицинска сестра.

Станува збор за медицинската сестра Ирена Попкочева, која не сакала да ја коментира нејзината одлука по телефон, објави „Алсат“.

Сепак, како што објавува телевизијата, уште некои други нејзини колеги на одделот за пациенти со ковид-19 на Клиниката за инфективни болести се на работ да дадат отказ. И покрај притисокот да не се објави ситуацијата во клиниката, друга медицинска сестра се обратила до „Алсат“. Таа во услови на анонимност зборува за бројните проблеми.

– Како бројка се намаливме, имајќи предвид дека не го искористивме ниту годишниот одмор, ситуацијата стана неподнослива како меѓу колегите, така и во однос со лекарите. За ситуацијата да стане уште полоша, секое одење на работа беше под стрес, со мобинг, навреди, недолично однесување дури и од некои пациенти – вели медицинската сестра од Клиниката за инфективни болести.

Извор: Плус Инфо

SHARE