Во Иран починаа 300 луѓе, пиеле индустриски алкохол за да се „исчистат“ од коронавирусот

Прочитај за: < 1 минута

Најмалку 300 луѓе починале, а околу 1.000 се отруени, обидувајќи се да се заштитат од коронавирусот со индустриски алкохол, соопштија властите во Техеран.

Погрешните информации дека алкохолот го убива коронавирусот доведоа до стотици починати во Иран, јавуваат иранските медиуми.

АП известува дека во Иран се случува епидемија во рамките на пандемија, наведувајќи го примерот на петгодишно момче кое останало слепо, откако било отруено од неговите родители со индустриски алкохол, во обид да го заштитат од коронавирусот.

Во Иран е забрането точење алкохол, па граѓаните го набавуваат од шверцери и нелегални производители.

Ова доведе до сериозни последици – труење, слепило, па дури и смрт.

Во таа земја, која е најтешко погодена од епидемијата на коронавирусот на Блискиот Исток, досега се потврдени 29.000 случаи на коронавирус, со 2.200 смртни случаи.

SHARE