До каде се истрагите за починати помлади луѓе од ковид 19?

Лекарска комора
Прочитај за: < 1 минута

Од Лекарската комора чии комисии ги прават стручните истраги што треба да утврдат дали имало лекарски грешки, пропуст во третманот или несоодветна терапија, за Канал 5 велат дека за случајот со 41-годишната пациентка, што пред околу еден месец почина во штипската болница, се прибира целосната документација за утврдување на медицинските постапки.

Се очекува, велат оттаму, конечниот извештај да биде готов дури во текот на следната недела.

Дел од спроведените вонредни стручни надзори, што се однесуваат на пациенти кои починале како последица од Kовид-19, се во завршна фаза. По завршувањето на стручниот надзор Комисијата изготвува Извештај којшто го доставува до министерот за здравство за понатамошно постапување.-Лекарска комора.

Случајот со смртта на четириесет иедногодишна пациентка чиј живот згасна во штипската болница на 14 минатиот месец предизвика низа реакции во јавноста, откако членови на нејзиното семејство обвинија дека таа два дена барала да ѝ се донесе боца за кислород, но никој не одговорил на нејзините повици.

Повеќе >> kanal5.com.mk