Во борбата против коронавирусот секој килограм е важен

Прочитај за: < 1 минута

Чешка е на врвот на светската ранг-листа по бројот на смртни случаи од Ковид-19. Според официјалната статистика на чешкото министерство за здравство, од почетокот на пандемијата до средината на март 27.918 лица починале од коронавирус.

Тажната реалност продолжува бидејќи повеќе од сто луѓе умираат секој ден.

– Научниците проценуваат дека реалниот број на жртви е за третина поголем – вели професор Јан Конвалинка, проректор на Универзитетот „Чарлс“ во Прага.

Интересно е тоа што Чешка има релативно висок квалитет на здравствена заштита, што е близу до европскиот просек и има втор највисок животен стандард во посткомунистичките европски земји. Од каде тогаш толку смртни случаи од Ковид-19?

Повеќето експерти и аналитичари во Чешка вината за текот на пандемијата ја припишуваат на популистичката влада предводена од олигархот Андреј Бабиш.

– Во ситуација кога другите земји воведоа заклучување, мерките беа олабавени во Чешка. Тоа се случи по летните одмори, како и пред Божиќ. И владата повторно размислува на тоа – критикува Вацлав Хорејши, имунолог во Чешката академија на науките.

Други причини за големиот број смртни случаи од Ковид-19 се слабата контрола на постојните ограничувања за контрола на пандемијата, недоволно следење на заразените лица, мал број тестирања и, неодамна, ширењето опасни мутации на вирусот.

Повеќе >> www.fakulteti.mk

SHARE