Регистрирани првите двајца заболени од корона во Радовиш

Прочитај за: < 1 минута

Министерството за здравство, по добиената информација од Институтот за јавно здравје, соопшти дека од денеска потврдените пет случаи во Штип, по завршувањето на епидемиолошката анкета е утврдено дека две лица се од Радовиш, кои се тестирале преку Центарот за јавно здравје во Штип.

Согласно ова, од потврдени 53 нови случаи дистрибуцијата по градови денеска е следна: Скопје -13, Куманово – 8, Штип – 3, Радовиш – 2, Прилеп – 2, Струга – 14, Тетово – 2, Велес – 1, Гостивар – 2 и Кочани – 6.

Според местото на живеење, досега случаи на КОВИД-19 се регистрирани во:
Скопје – 221, Куманово -93 Дебар – 49, Штип-18, Радовиш – 2, Прилеп – 24, Тетово – 17, Струга – 23, Велес – 9, Битола – 4, Охрид – 3
Кавадарци –2, Гостивар – 4, Гевглелија – 4, Струмица – 1, Крива Паланка – 2, Кочани – 7.

Извор: fokus.mk

SHARE