Инфектологот Вело Марковски е против карантинот и масовната корона психоза и хистерија

Koronavirusot kje se povlece za dva meseci
Прочитај за: < 1 минута

Коронавирусот ќе се повлече за два месеци

Инфектологот Вело Марковски е против карантинот и масовната корона психоза и хистерија. Професорот на штипскиот универзитет вели дека никој не спори дека има умрени луѓе, но прашањето е како да си помогнеме подобро, и дали треба да менуваме пристап и стратегија. Во јавноста се присустни многу нестручни луѓе за овие видови на болести. Не е ова политичка дебата или дуел.

– Подaтоците од Италија не се релевантни. Италијански професор тврди дека само 2 посто од прикажаните смртни случаи всушност починале од корона. Во Америка за разлика од Италија се двои короната од другите болести, се двои и пневмонијата. Тоа е научен пристап. И во Македонија лажат бројките за смртност кои секако се многу помали во однос на вкупниот број на инфицирани.

Тргнавме со искуствата од Кина, но сега имаме поголеми искуства од Америка, Германија…Најверојатно пикот на вирусот трае околу 2 месеци и ќе настане тој колективен имунитет или вирусот природно ќе се повлече поради климатските услови.
Смртноста со респираторите е речиси максимална.

Затоа треба да се внимамава и што повеќе да му се остави простор на организмот сам да се избори… Во Кина на пример многу помалку умирале пациенти што не биле на респиратор со иста и слична тешка клиничка слика – вели Марковски во емисијата “Стадион” на Радио Канал 77.

SHARE