Ковид-19 предизвикува тромбоза, за што треба да бидеме особено внимателни со трудниците

Д-р Борислава Спироска
Прочитај за: < 1 минута

Д-р Борислава Спироска е специјалист по гинекологија и акушерство веќе 4 и пол години, од кои 4 работи како матичен гинеколог во својата ординација во Тетово.

* Веќе од март годинава се соочуваме со пандемија на коронавирус. Често наидувавме на коментар дека „карантинот донесе повеќе бебиња“.

Каква е ситуацијата, дали навистина оваа (и наредната година) ќе имаме тренд на зголемување на бројот на трудници и бебиња за разлика од минатата?

– Така е, гледаме зголемен број на трудници. Секојдневно верификуваме нови бремености во број кој се чини е поголем од претходните години. Но сепак, за да биде веродостојно тврдењето, треба да се спореди бројот на новороденчиња на крајот на оваа година и цела наредна година со бројот на новороденчиња од минатите години. Бројките реално ќе ни кажат дали и колкава разлика во позитивна смисла ( барем во една позитивна смисла на целава ситуација) донесе чумата на 21-виот век – Ковид-19. Истовремено се надевам дека ќе броиме и помал број на предвремено родени бебиња, ако се земе в предвид фактот дека годинава сите, а тука ги броиме и трудниците, заради пандемијата, присилно бевме „приземјени“, односно „прилегнати“. Главниот совет што им се дава на трудниците со лошо акушерско минато и оние кои во тековната бременост се во ризик од предвремено породување е баш тоа, одмор во кревет, во хоризонтала. Така што несакајќи сите трудници одмараа.

Повеќе >> Женски Магазин

SHARE