Ковид-пациентите кои имаат проблеми со непцата почесто завршуваат на респиратор

ковид пациенти
Прочитај за: < 1 минута

Пациентите со ковид-19 имаат најмалку трипати поголема веројатност да развијат компликации доколку заболениот има проблеми со непцата. Студијата е спроведена на повеќе од 500 пациенти заболени од ковид-19, а откриено е дека оние кои имаат проблеми со непцата имаат најмалку трипати поголема веројатност да бидат примени на одделот за интензивна нега.

Овие пациенти имаат четирипати поголема веројатност да имаат потреба од респиратор, а веројатноста за смрт е деветпати поголема од оние кои немаат проблеми со непцата.
– Оралната нега треба да биде дел од здравствените препораки за да се намали ризикот од тешки исходи од ковид-19 – рекол професорот Лиор Шапира, претседател на Европската федерација за пародонтологија (ЕФП).

Парадентозата (парадонтитис) е сериозна форма на заболување на непцата, која погодува околу половина од возрасните лица ширум светот. Ова заболување предизвикува воспаление на непцата, а ако не се лекува, може да се прошири низ целото тело. Ова истражување покажало поврзаност помеѓу парадонтитисот и компликациите предизвикани од ковид-19, пишува „Медикал експрес“.
Студијата вклучила 568 пациенти со дијагностициран ковид-19 помеѓу февруари и јули 2020 година. Од 568 пациенти, 40 од нив имале компликации, а 528 немале. Биле собрани информации за болести на непцата и други фактори кои би можеле да бидат поврзани со компликациите што ги предизвикува ковид-19, вклучувајќи ги индексот на телесната маса, астмата, пушењето, дијабетесот и крвниот притисок. Податоците покажаа дека 258 пациенти, односно 45 отсто имале проблеми со непцата.

Повеќе >> Слободен печат

SHARE