Критиката одзема енергија – пофалбата дава сила

Прочитај за: < 1 минута

Еден психолог смислил експеримент: почнал да ги фали уморните деца. А потоа ја измерил нивната енергија на специјалниот уред ергограф. По пофалбите се случувала експлозија од енергија и уморот исчезнал. Но, само една критика насочена кон детето, еден погрден збор, и енергијата нагло паѓала.

По критиките детето било уморно и слабо ги извршувало задачите. Бидејќи не постои добро во критиките. – Ти бавно работиш! Ти лошо напиша! Ти невкусно зготви! Ти си премногу дебел! – да, критиките ја крадат енергијата. Го прават човекот уморен. Опустошен.

Мудриот Бенџамин Френклин напишал: – Ако сакате да стекнете непријатели, одете и критикувајте ги сите. Сите ќе почнат да ве избегнуваат. Бидејќи секогаш ќе го помнат чувството на опаѓање на силата и кршливоста што останале по разговорот со вас. Како да сте му ја зеле силата на човекот.

Ако сакате да се дружите со луѓето и да им помогнете подобро да работат – фалете ги. Секогаш може да се најде нешто за пофалба. И заедно да се поправи она што може и што треба да се поправи. Човек ќе почувствува прилив на сила, ќе помни дека сте му дале енергија – и ќе развиете најдобри и најкорисни односи.

Критиката ја одзема енергијата. Пофалбата дава сила. И, секако, ние ќе останеме со оние што ни даваат сила. Оние што не нè ограбуваат, како разбојник на патот. И паметните професионални критичари знаат дека во критичката анализа важно е да се истакне во што успеал авторот. И потоа да се истакне ова во кое не успеал. И да изрази надеж дека во следниот труд авторот ќе биде подобар од тоа. Така што, самонаречените „критичари“ нè лишат од животната сила. Можеби ја земаат за себе? – тоа психологот не го предвидел и не го проверил со инструмент.

SHARE