Фатим Круезиу: По 14 дена во болница, знам каде погрешив…

Фитим Круезиу
Прочитај за: 2 минути

За оние кои успеале да го победат корона вирусот и да се најдат во категоријата оздравени пациенти, здравствените проблеми не престануваат. Повеќето пациенти кои веќе неколку месеци се излекувани од ковид 19, се уште чувствуваат замор, малаксаност, вртоглавици, слабост во мусулите.

Еден од нив е и новинарот Фитим Круезиу, кој покрај својата новинарска кариера е активен спортист и претседател на кошаркарски клуб во Скопје.

Неговата битка со болеста не била лесна. Првата недела се лекувал сам, но кога ситуацијата се влошила бил примен на Инфективната клиника во Скопје каде што поминал 14 дена. За среќа неговото тело добро реагирало на терапијата која ја примал и здравствената состојба постепено се подобрувала.

Од денешна дистанца, Круезиу вели дека негова најголема грешка било тоа што навреме не побарал помош во болница.

„Најголемата грешка што ја направив е кога инсистирав да се лекувам дома и не отидов во блница кога се појавија првите симптоми. Истата грешка веројатно ја прават сите кои задоцнето одат да се лечат во клиниката. Сакам да им кажам на сите кои мислат дека младите и физички активните не можат да заболат дека грешат. И јас се залажував мислејќи дека кај спортист полесно ќе поминат симптомите. Апсолутно не е така. Сите граѓани, особено младите треба да бидат максимално одговорни и да знаат дека корона вирусот е опасен и остава големи последици“, вели Круезиу.

Дека последиците се присутни и денес, потврдува Круезиу од лично искуство. Вели дека терапијата го спасила, но дека последиците по неговото здравје се чувствуваат и сега.

„Што се однесува на периодот по оздравувањето, тоа е исто така тежок период. Честопати и денеска ги чувствувам симптомите кои ги чувствував и кога имав ковид 19. Значи и денеска понекогаш чувствувам главоболки, вртоглавици, болки во нозете и рацете, се чувствувам омалаксан, ми се тресат рацете и нозете. Лекарите велат дека тоа е нормално и дека ќе треба доста време за да се вратам во кондицијата во која бев пред да се разболам од ковид 19“, раскажува Круезиу.

Повеќе >> slobodnaevropa.mk

SHARE