Куркумин – Најсилниот чувар на имунитетот, посилен од сезонските вируси, бактерии и настинки!

Куркумин
Прочитај за: 2 минути

Куркуминот е состојка која има големи терапевтски компоненти и е користена како состојка на многу природни и фармацевтски лекови токму поради нејзината имуно – стимулаторска компонента како и фактот дека е моќен антиоксиданс посилен од антибиотиците.

Оваа моќна состојка со нејзината способност за зголемување на имунитетот се докажува дека е многу ефикасна во борбата против инфекциите во човековото тело, и делува посилно и од антибиотиците, а воедно го нема и штетното дејство на антибиотикот под мотото „антибиотик – едно лекува друго оштетува“.

Куркуминот има анти – инфламаторна, анти – оксидативна и анти – инфективна моќ

Покрај тоа што е најдобрата заштита од сезонските вируси и бактери е број еден избор и заштита од стомачни и желудoчни инфекции, а ова се должи на нејзините диететски влакна кои во голема стапка допринесуваат за подобро здравје на дигестивниот тракт.

ИСТРАЖУВАЊАТА ДОКАЖУВААТ:

Во неодамнешна студија, спроведена од тим на Дански и Американски истражувачи се дојде до одговорот на овие факти кои долго време беа поврзувани со куркуминот доколку се користи во форма на суплемент, моќен екстракт од куркума 95%.

Имено, тие при своето истражување дошле до феноменално откритие кое укажува дека клучната состојка на куркумата, куркуминот, се поврзува со зголемување на нивото на антимикробен пептид (КАМП) кој има најголема улога во борбата против бактериите и воспалението во човековото тело.

Како и да е, најголеми придобивки од куркумата, пронаоѓаме во куркуминот благодарение на нејзиното анти-инфламаторно дејство со кое не заштитува од инфекции и допринесува нашето тело да ја зголеми отпорноста на бактерии и вируси.

Со секојдневна употреба ќе не заштитува од инфекциите кои може да го нападнат нашето тело доколку нашиот имунитет е на ниско ниво и вирусите се на подем.

Ова е од особена важност, токму во овој период, во време кога антибиотиците се препишувани и повеќе од потребното, па се создава ризик од создавање на отпорност кон нив што може да доведе до фатални последици кога на нашето тело навистина ќе му треба ваков тип на лек.

Извор: zdravjeizivot.mk

SHARE