Го оперираа 12 часа, а јас сама чекав пред сала и се чувствував ужасно

Прочитај за: < 1 минута

Специјален медицински тим од Институтот „Џанина Џаслини” од Џенова – Италија изврши транспорт на дете со сложена клиничка слика од Универзитетската клиника за детски болести – Скопје во болницата во Италија. Оваа вест која беше објавена кон крајот на минатата година го привлече вниманието на македонската јавност.

Целиот медицински тим од одделението за интензивна нега и лекување и од одделението за гастроентеропатија и онколошкото одделение го подготвија малиот јунак за нов животен предизвик. Додека граѓаните „стискаа палци“ за поскоро опоравување, патувањето до Италија за мајката на малиот, а голем борец, траело како цела вечност.

По заминувањето тој саботен декемврски ден, младата мајка Надица Ристова се нема вратено овде. Лекувањето во Италија се’ уште трае и таа таму му се радува на секој момент поминат со синчето, иако бројните предизвици и понатаму се присутни.

Македонски медиа сервис разговараше со Надица за тоа како се снаоѓаат во Италија со нејзиниот сопруг Стефан, кој таму замина малку подоцна од неа.

Таа гордо споделува детали за растењето и за насмевките на Лука, за надежта, за бескрајната родителска љубов.

„Во моментот на заминување Лука беше со доста тешка клиничка слика, респиратор и видно зголемена туморна маса. Предизвици…ох, многу се на број. Неизвесноста си го правеше своето. Лекување во Италија беше потребно поради тоа што во Македонија сѐ уште не се извршува таква тешка операција каква ни беше неопходна“, објаснува Надица.

Лука е роден со само 720 грама во 29-та гестациска недела, но со раст кој одговарал на 25-та гестациска недела. По вкупно 67 дена поминати во болница, младите родители си го зеле синчето дома.

Повеќе >> ММС

SHARE