Мајчината љубов нè прави побогати – во секоја смисла

Прочитај за: < 1 минута

Има ли нешто посилно, понеобјасниво, па дури и помагично од љубовта на мајката? Секоја ќерка, па дури и мајка, знае дека одговорот е НЕ. Бидејќи вниманието и љубовта што мајката му ги дава на своето дете се нешто што не може да се објасни, туку само да се доживее.

Бидејќи сè произлегува од таа уникатна врска што ја врзува мајката за детето и која е креирана од неа, жената чија судбина е да биде нашиот светилник во ноќта, искрата во темнина, водичот низ светот. Само оние што имаат мајка може да го разберат богатството на нејзината љубов, љубовта која прави да се чувствуваме живи и храбри, бунтовни.

Ако можеме да ја споредиме љубовта на мајката со нешто, тогаш тоа нешто ќе биде толку скапоцено богатство на кое сите може да му позавидат. Бидејќи таа љубов нè прави подобри во секоја смисла, ги пополнува празнините од луѓето што заминале, ни дава сила да се бориме за да ги достигнеме своите соништа и желби, бидејќи нè прави успешни жени, на секое поле.

Убавината на таа љубов, всушност, има економска и мерлива вредност. Според истражување спроведено на „Харвард“, сите луѓе што имале близок однос со својата мајка имале добар успех на работа.

Специфично, студијата била спроведена на 100 луѓе, а открила дека тие заработуваат двојно повеќе од другите, достигнувајќи цифри од 100 илјади долари годишно. Сето ова зашто мајките биле нивните најголеми поддржувачи.

Повеќе >> deca.mk

SHARE