Ние помагаме, вие не почитувате мерки, тогаш сме како Сизиф со каменот!

Прочитај за: < 1 минута

Горан Трајковски од Скопје веќе пет години живее и работи во Нирнберг, Германија. Истовремето, тој е и специјализант по интерна медицина, а во болницата во која работи, се среќава и со пациенти заразени со Ковид-19.

Во Германија има вкупно 195.228 потврдени случаи, а над осум илјади лица ја загубија битката со вирусот. И додека состојбата во земјата во која тој моментално живее полека се стабилизира, таков не е случајот со Северна Македонија.

Во нашата земја од почетокот на јуни рапидно почна да расте бројот на заболени од корона вирусот, а Трајковски низ „негови очи“ се обиде да ја искоментира состојбата во нашата држава.

Според него, порастот на бројот на заболени во Северна Македонија може да се должи на неколку работи.

Засилено тестирање и со тоа детектирање на повеќе случаи и намалување на „црната бројка на заразени“.
2. Опуштање на мерките што логично води до зголемување на бројот на заразени, но не значи дека е грешен потег. Целта на секоја држава е да се опуштат мерките до ниво на кое што здравствениот систем ќе биде подготвен да се справи со бројот на заболени и на тој начин ќе се обезбеди функционирање на општеството не само на здравствено туку и на социо-економско поле. Поради ова е важно постепено укинување на мерките за да не дојде до нагол наплив на пациенти во болниците и со тоа преоптеретување на системот што придонесува за лоша прогноза на болеста.
3. Недоволно почитување и спроведување на мерките од Владата.
4. Самата природа на вирусот: да не ја заборавиме силата на природата и дека иако е 21 век, некои работи се надвор од наша контрола“, анализира Трајковски.

Како што истакна тој, за ваквата ситуација во која се наоѓа моментално нашата земја, треба да се изнајдат креативни решенија, а не да се бараат виновници.

Повеќе >> Фокус

SHARE