Марфиев закон за родителство: Колку повеќе готвите, толку вашето дете помалку јаде

„Ако нешто може да тргне наопаку, ќе тргне“, изјавил познатиот американски инженер Едвард А.Марфи.

Вака често пати изгледа смешната страна на родителството. Детето се буди во моментот кога сакате да го испиете првото кафе, свекрвата во доаѓа во посета тогаш кога станот е во целосен неред…

1. Во моментот кога сте се одлучиле да го испиете кафето, вашето дете се буди и плаче

Не е важно колку детето пред тоа спиело и колку долго спие. Оној момент кога вие сте одлучиле да воздивнете, детето се буди. Понекогаш родителите се прашуваат, дали децата имаат посебни сензори?

2. Кога ќе се пофалите дека вашето дете спие цела ноќ, ви се случува вечер без сон

Конечно можете да воздивнете, вашето дете четири вечери со ред спие мирно без да се буди. Се чувствувате како нова личност и ова го споделувате со вашите пријатели. Голема грешка. Баш тогаш детето одлучува да е будно, а вие повторно се борите со непроспиена вечер.

3. Веднаш штом го земете телефонот да разговарате, детето започнува да плачи

Детето е среќно и задоволно и си игра – сега е вистинскиот момент да се јавите кај вашата мајка, брат, пријателка. Но, во моментот кога започнувате да разговарате, детето одлучува дека му треба вашето внимание, и сака да разговара и да си игра со вас.

4. Плаче во текот на целото возење со автомобилот, и заспива во моментот кога пристигнавте дома

Возењето во автомобилот често пати го заспива детето, но некогаш се случува детето да плаче цело време. Но, таман пристигнавте дома, тоа заспало.

5. Кога изгледате ужасно, секогаш среќавате некој познат

Постојат оние денови кога едноставно не сте стигнале да ја измиете косата, детето не спиело добро, а на вашата облека се гледаат дамки од храна. И секако, во вакво издание ќе го сретнете колегата од на работа или пријателката од средно која блеска.

6. Куќата е во целосен неред, а вашата свекрва токму тогаш одлучува да ве посети

Куќата ви е во ужасен неред, се’ е расфрлено насекаде, а вашата свекрва како да знае, доаѓа токму во тие моменти.

7. Колку повеќе готвите, толку вашето дете помалку јаде

Поминувате часови готвејќи здрава храна и креативни јадења. Ги проучувате книгите за здрави оброци за вашето дете да се храни здраво. Но, вашето дете одлучува дека ништо од тоа не му се допаѓа.

8. Секое работно утро спие и едвај го будите, но за викенд е будно уште од раните зори

Од понеделник до петок го молите да се пробуди, едвај го извлекувате од креветот, но во сабота наутро вашето дете се буди во 6 часот и веќе е подготвено за појадок и игра.

9. Купивте играчка која ја сакаше, но наеднаш го интересира само шарената хартија и кутијата од играчката.

10. Без оглед на сите овие „неволји“, го сакате најмногу на светот.

loading...
SHARE