Матичните лекари добија насоки, рецепти за „ивермектин“ може да се издаваат

ивермектин матични
Прочитај за: < 1 минута

Претседателката на Сојузот на матични лекари, доктор Лилија Чолокова Дервишова за Слободен печат потврди дека Лекарската комора испратила протокол за лекување со „ивермектинот“.

– Преку Лекарска комора е пуштен протокол до сите матични лекари. Во протоколот стои дека превентивно треба да се земат 12 милиграми неделно, односно 4 таблети доколку некој бил во контакт со заболен, но се уште нема симптоми. Додека за останатите, дозирањето е преку еден ден по 2 мг по телесна тежина, вели д-р. Чолакова.

Матичните лекари веќе почнаа да издаваат рецепти за „иверметкин“, а пациентите го купуваат превентивно. Откако се прошири веста дека лекот го има на полиците во аптеките, се вжештија телефоните во ординациите на матичните. Рецепт за овој лек бараат и оние кои немале директен контакт со позитивен на ковид-19, но матичните лекари не ги одбиваат.

Дека лесно се доаѓа до рецепт за овој лек ни потврди и нашата соговорничка, 29-годишната Марија П.

– Преку едноставна телефонска консултација со мојата матична лекарка успеав за неполн час да дојдам до рецепт за „иверметкин“. Самата нагласив дека поради природата на мојата работа често сум во контакт со позитивни или суспектни на коронавирус. Лекарката ме праша дали знам како да го употребам, на што одговорив негативно, и таа ми напиша на ливче да го земам првиот и третиот ден по контакт, во зависност од мојата килажа, раскажува Марија.

Повеќе >> Слободен Печат

SHARE