8 јасни знаци дека сте ментално исцрпени

Прочитај за: < 1 минута

Менталната исцрпеност е симптом на долготраен стрес. Со оглед на тоа што понекогаш стресот може да трае со недели и месеци, целото тело има последици.

Кога непрестанато се занимавате со работа или активности кои ви го активираат стресот, нивото на кортизол и адреналин долготрајно останува висок.

На крај, тоа почнува да им пречи на нормалните функции на вашето тело.

Како да препознаете дека сте ментално исцрпени?

– Поретко се смеете од вообичаено, дури и во ситуациите кои обично ви се смешни и забавни.

– Ви се чини дека чувствата ви се отапени, па храната нема некој посебен вкус, музиката не ве придвижува, масажата не ви пружа задоволство и постојано посегнувате по црна и сива облека.

– Не можете да спиете, а очајно ви треба сон.

– Дружењето ви е отежнато. Кога сте со пријателите или семејството, чувствувате дека тешко ги следите разговорите.

– Лесно ве раздразнуваат гласови, звуци и движења. Се чувствувате нервозно.

– Раздразливи сте на ситници, како чекање во редица или долго разговарање на телефон.

– Почнувате да се чувствувате клаустрофобично.

– Полесно се расплакувате на филмови, тажни вести и сентиментални приказни.

Извор: www.crnobelo.com/

SHARE