Мерки без преседан во Австралија поради Ковид-19

Прочитај за: < 1 минута

Вакво нешто не се има случено во последните 100 години: патувањето меѓу двете најнаселени сојузни држави на Австралија повеќе нема да биде можно на неодредено време. Причината: Ковид-19.

Првпат од избивање на пандемијата со Ковид-19, денеска од полноќ, ќе се затвори граничната линија која ги одделува двете најнаселени австралиски сојузни држави Викторија и Нов Јужен Велс.

Премиерот на Викторија, Даниел Ендрјуз, затворањето на граничната линија ја нарече „добра одлука со оглед на предизвиците со кои сме соочени за да се запре ширење на вирусот“.

Викторија денеска регистрираше рекордни 127 случаи на заразени со Ковид-19, а најмногу инфицирани има во метрополата Мелбурн.

Втората најнаселена сојузна држава на Австралија бележи најголем пораст на бројката случаи од крајот на март, поради пто е продолжена наредбата за останување во изолација во повеќе предградија на Мелбурн, каде од саботата целосно се ставени под карантин 9 облакодери со околу 3.000 жители.

Повеќе >> www.dw.com/mk

SHARE