„Mетодот на повлекување“ е сè уште најпопуларна метода на контрацепција кај младите

Прочитај за: 2 минути

Момчињата одбиваат да користат контрацепција, бидејќи им е кажано дека „на вистинските мажи тоа не им е потребно“, а девојчињата пак, се срамат да разговараат на оваа тема со нивните партнери мислејќи дека ќе остават погрешен впечаток.

Младите сè уште сметаат дека чувството на задоволството е намалено кај машкото ако носи кондом, дека „контрацептивите ќе ме здебелат“ , дека влијаат на зголемена влакнетост кај девојките, дека „мажот ме штити“ е начин на планирање семејство, а „методот на повлекување“ е сè уште најпопуларна метода на контрацепција бидејќи младите не се доволно информирани за контрацепцијата и нејзината важност како средство за превенција од болести и несакана бременост.

Но, не само младите, вистината е и дека голем дел од повозрасното население, не е доволно едуцирано.

Индексот за Македонија, со кој е изразена „Потребата за семејно планирање, задоволена со модерни методи“ во рамки на матриксот на 14 компоненти на генералниот национален „Индекс на универзална здравствена покриеност“, е оценет со 25, при што во светски рамки полош индекс од ова имаат само Албанија, Јужен Судан, Сомалија и Чад.

Како една од пречките за постигнување повисок степен на употреба на модерна контрацепција се финансиите – покажува сеопфатната анализа „Пристап до средства за контрацепција и здравствени услуги за семејно планирање“ од ХЕРА.

За да користат некое од достапните модерни контрацептивни средства, жените и/или нивните партнери мора да го платат со полна сума, што претставува посебна бариера за младите и за лицата со понизок социо-економски статус. А и покрај ветувањата на Владата, во Македонија ниту едно контрацептивно средство не е на Позитивната листа на лекови кои се покриени од Фондот.

Денес, 26-ти септември е Светски ден на контрацепцијата, а доцент д-р Даниела Иванова Панова, раководител на оддел за репродуктивна ендокринологија со детска и адолесцента гинекологија, која има 27-годишно искуство на Универзитектска клиника за гинекологија и акушерство ГАК Скопје, вели дека контрацепцијата е еден вид „заборавена“ во државава.

Повеќе >> Женски Магазин