На што треба да внимавате ако нарачувате храна во време на корона?

Прочитај за: 2 минути

Досегашните истражувања покажаа дека корона вирусот не може да се пренесе преку храна, туку примарен ризик е контактот со друго лице.

Па, дали и колку е безбедно да нарачате храна кога ќе ви досадат инстант и домашните јадења?

Со неколку едноставни чекори може да се почестите со вкусен оброк без грижа на совест:

1. Дајте специфични барања при нарачката

Ако сакате доставувачот да дојде само до влезната врата – назначете го тоа. Ако сакате да држи растојание од 1 метар и повеќе – назначете го тоа. За да избегнете било какви непријатности бидете директни и искрени.

2. Ако е возможно, користете бесконтактно плаќање

Парите се уште еден ризик за пренесување на вирусот, па плаќањето со картичка онлјан е најбезбедната опција.

3. Кесата со храна ставете ја во мијалникот

Избегнувајте кесата да ја ставате на масата каде подоцна ќе јадете или на кујнските површини.

na-sto-treba-da-vnimavate-ako-naracuvate-hrana-vo-vreme-na-korona-2_resize.jpg

4. Фрлете ја амбалажата

Исто како и салветките и виљушките за една употреба.

5. Префрлете ја храната во чисти чинии

Користете ваш прибор за јадење, дури и по цена подоцна да имате малку повеќе за миење.

6. Темелно измијте ги рацете

Пред да почнете да јадете, темелно измијте ги рацете, барем 20 секунди со топла вода и сапун.

Сега сте безбедни. На здравје!

na-sto-treba-da-vnimavate-ako-naracuvate-hrana-vo-vreme-na-korona-2_resize.png

Извор: www.crnobelo.com

SHARE