Лажните вести поттикнувaат насилство врз здравствените работници – 38 напади за 9 месеци

Прочитај за: < 1 минута

Лажните вести и теориите на заговор што се шират по социјалните мрежи и разните портали, поврзано со пандемијата, го загрозуваат сериозно животот и безбедноста на медицинските работници кои целиот период се борат против вирусот и за спасување на нашите животи.

Како последица на таквите лажни информации кои сеат страв меѓу населението, дошло до инциденти и напади во просториите на здравствените институции. Одредени граѓани, роднини на пациенти, кои биле жртви на влијанието на лажните вести, нападнале лекари и медицински сестри со што го ризикувале животот на белите мантили, а отвориле и дополнителни законски проблеми за себе. Според информациите што МВР ги обезбеди за ЦИВИЛ Медиа, во периодот од јануари до септември 2020 година регистрирани се 38 настани во врска со напади врз медицински лица и персонал.

“Од нив, по 10 настани се на подрачјето на СВР Скопје и СВР Куманово, потоа СВР Струмица  осум настани, СВР Тетово пет настани, СВР Битола три настани и по еден настан на подрачје на СВР Велес и СВР Штип. По преземени мерки и активности, поднесени се 33 прекршочни пријави по Законот за прекршоците против јавниот ред и мир за нарушен јавен ред и мир, по две кривични пријави за кривично дело „загрозување на сигурноста“ и „напад на службено лице при вршење работи од безбедноста“ и една кривична пријава за кривично дело „насилство“”, се вели во одговорот на МВР за  ЦИВИЛ Медиа.

Повеќе >> civilmedia.mk

SHARE