Научниците открија кој додаток во исхраната може да ве одбрани од корона вирусот

бета глуканите
Прочитај за: < 1 минута

Додека не се вакцинира доволен број луѓе со вакцините против корона вирусот и додека не се создаде колективен имунитет постојат низа продукти кои можеме да ги јадеме кои ќе го зајакнат организмот и ќе го намалат ризикот од онфекција. Секој ден дознаваме се повеќе за продуктите кои може да му помогнат на нашиот имунитет, а посебно во последно време се истражуваат бета-глуканите , за кои е потврдено дека може да бидат исклучително корисни за нашето тело во борбата против КОВИД-19.

Бета-глуканите се структурни компонентји кои се наоѓаат во многу продукти како што се зобената каша, јачменот, квасецот, печурките и алгите. Во неодамнешна сеопфатна студија на состојките во храната кои можат да помогнат во борбата со корона вирусот истражувачите испитувале прелиминарни докази кои ја поддршуваат потенцијалната примена на бета-глуканите во борбата против заразата со корона вирусот. Студијата која ја предводела д-р Ема Марфи од ирскиот Институт за технологија Атлон дала многу добри резултати.

Бета-глуканите можат да го подготват нашиот имунолошки систем да биде подготвен за нападот на бактерии и вируси. Тие можат и да го опуштат имунолошкиот одговор на организмот на воспаленијата, што е многу битно затоа што засиленото воспаление може да биде поголем проблем од инфекцијата“, објаснува д-р Марфи.

Имено, истражувањето покажало дека бета-глуканите го намалуваат воспалителниот одговор поврзан со акутниот респираторен дистрес синдром, односно оштетувањето нa белите дробови кое е забележано кај тешките случаи на КОВИД-19.

Повеќе >> Иновативност

SHARE