Научниците успеале да создадат персонализирана вакцина против рак

Првиот пат кога некој од раководството на „Џинтех“ ја предложил идејата за персонализирана вакцина против ракот, истата не поминала добро.

– Мислев дека ќе се крене бунт – се сеќава Ира Мелман, тогашниот шеф на истражувачкиот оддел за онкологија во „Џинтех“. Тој слушнал како еден член на комисијата пред која го изложувале случајот со соработникот, му рекол на друг член: – Вакцината никогаш нема да функционира.

Тоа се случило во 2012 година. Сега, имунотерапијата за ракот, каде се користи имунолошкиот систем на самиот пациент за напад на туморот, е едно од најперспективните полиња на медицината и едно од најголемите откритија во онкологијата во последниве децении. Но, било потребно долго време за да се стигне таму.

Она што Мелман и неговиот тим го предложиле тој ден пред комисијата било подалеку од имунолошки клетки за напаѓање на ракот. Тие зборувале за вакцина која ќе биде прецизно прилагодена за стимулирање на имунолошкиот систем да реагира на специфични тумори. Ако тоа функционира, пристапот во некои случаи може да биде уште посилен од другите видови на имунотераптија. Ако „Џинтех“, биотехнолошка компанија во сопственост на швајцарскиот фармацевтски гигант „Рош“, требало да се обиде да развие вакцина што би можела да го нападне индивидуалниот тумор, не само што ќе требало да прифати нови научни достигнувања, туку и ќе морал да прифати сосема нов и непроверен бизнис модел. Тоа е затоа што вакцината на Мелман не би можела да се произведи на традиционален начин, во голема серија спакувана во рефус.

Кога Мелман изјавил дека станува збор за персонализирана вакцина, тие навистина мислеле на тоа. Составот на секоја вакцина би се базирал на карактеристиките на ДНК на туморот на секој пациент. Компанијата би морала, во суштина, да направи посебен третман за секој пациент. За да го создаде овој лек, компанијата би морала да организира процес со повеќе чекори за секој пациент, изведен на повеќе локации. За секој пациент би требало да се направи биопсија, па ткивото од туморот би морало да се подлегне на целосно секвенционирање на геномот, резултатите ќе бараат комплексна пресметковна анализа, а потоа би требало да се дизајнираат и поединечни вакцини за производство.

Теоретски, ако вакцините би биле произведени во голем обем, тоа би морало да се случи стотици пати неделно. И сето тоа да биде брзо.

Не било ни чудно што лидерите на компанијата било скептични.

По првиот состанок, Мелман и тимот се повлекле во лабораториите. Се вратиле неколку месеци подоцна со повозбудливи податоци: идентификувале специфични цели на клетките на ракот, цели што лесно би биле нападнати од клетките на имунолошкиот систем. Исто така, имале свежо убедливо истражување од голем број академски групи за можноста за нивниот пристап. И, имале прелиминарен план за тоа како компанијата може да преземе први чекори кон изработка на наменски третмани за економски одржлив производ.

Овој пат приемот бил поинаков. Комитетот потпишал договор за истражување што подоцна кулминирало во 310 милион долари вредна зделка со „Бионтех“, германска компанија што поседува техники за производство на персонализирани вакцини за тумори. Во декември минатата година, партнерите почнале со тестирање кај луѓе, насочени кон 10 вида на рак, регистрирајќи над 560 пациенти низ целиот свет.

– Ова никогаш не било направено, па учиме како што работиме – вели Шон Кели, лидерот на тимот.

Технологијата за првата вистинска персонализирана вакцина против рак сè уште не е докажана. Овие терапии најверојатно ќе бидат скапи.

– Замислете сценарио во кое секој пациент со рак ќе има корист од вакцината. Тоа е нешто нечуено – вели Мелман.

извор: факултети.мк

loading...
SHARE