Овој човек организирал многу хуманитарни акции, a сега ред е ние да му помогнеме на него!

Прочитај за: 3 минути

До пред 5 години животот на Небојша Додевски “Грицко” му беше исполнет со радост и љубов. Работеше со деца скоро 15 години исто така правел храна бесплатна од самиот себе 20 години за секој кој имаше потреба.

Сето ова му недостасува но поради неговите здраствени причини повеќе Грицко не е во можност да помага. 5 години бубрезите веќе не му работат мора да оди на дијализа 3 пати неделно.

Трансплантација неможе поради тоа што има хепатит и проблеми со панкреасот. За повторно да може да функционира нормално неопходни му се финансиски средства за нормален живот. Државата го помага со само 50 евра месечно што не му се доволни за неопходните животни потреби а камоли за лекарства итн.

Благодарни сме на секој што сака и што може да помогне. Сите оние кои не се во можност да донираат, ве замолуваме да го шернете постот на вашите социјални мрежи. На фан страната со наслов „100 души по 100ка месечно за Грицко“ може да се информирате како да донирате.

Грицко е еден од основачите на здружението за солидарност на граѓаните „Храна, а не оружје“. Цели на здружението се поттикнување на солидарноста кај граѓаните, сузбивање на гладта кај населението и помагање на беспомошни и болни лица.

Станува збор за екипа млади луѓе кои готват оброци и ги делат на граѓаните кои имаат потреба од храна и оброк за себе и своето семејство. На своја иницијатива, без никаква материјална надомест или било каква друга мотивација освен човекољубието, оваа екипа во петок набавува намирници од скопскиот Бит Пазар, ја готви и во сабота ја дели на Плоштадот „Македонија ” во Скопје на луѓето кои имаат потреба од храна.

Дури 22,2% од населението во Македонија е гладно и живее во сиромаштија, според податоците на Државниот завод за статистика за 2017 година. Наспроти овие поразителни податоци, голем дел од употребливата храна во нашата земја, се фрла. Завршува во ѓубре! ФНБ е основана во 1980 година, а преставува практичен протест против енормното трошење на пари за воени потреби, додека секој ден се повеќе и повеќе луѓе умираат од глад. Целта на ова здружение е да се нахранат гладните, притоа залагање за ненасилство, вегетаријанство, рециклирање храна, како и одлучување со консензус.

Грицко вели дека мотивација да биде хуман и да помага добива од луѓето. Смета дека храната е право на секој човек, а не привилегија. Секој има право на оброк. Во почетоците, активистите на „Храна, а не оружје”, делеле храна еднаш месечно, но од 2013 година интензитетот се зголемил.

Она што најмногу го иритира е што голема количина на храна завршува во отпад. Луѓето не се свесни дека нивното малку, за многумина може да биде многу. Многу луѓе немаат финансии ниту за храна и затоа следниот пат кога ќе ја фрлите запрашајте се дали можете да ја рециклирате и да нахраните некој. Многу е важно да се крене свеста на сите нас и да се помага.

„Луѓето сакаат да помагаат, но не знаат. Им треба помош, но не знаат што им треба. И да прашаш некого што сакаш да ти помогнам, ќе се збуни нема да знае што да ти каже. Кога разговарам со луѓето се гледа дека тој жар и оган го има во нив, но и во секој, не е тоа дека само јас сум роден ваков“, изјави Додевски за македонските медиуми.

Но и тој лично има здравствени проблеми. Поради лошата работа на бубрезите, тој мора три пати неделно, по 4 часа да помине на дијализа. Но, ниту неговата болест не го спречува во неговата животна битка. Вели таа не го спречува, но го ограничува.

Сепак не може да го сопре. Според него, ако Хитлер ништо не го спречувало да направи злодела, тогаш ниту него нема да го сопре ништо да прави добри дела. За жал, неговата здравствена состојба воопшто не е добра и во последно време се влошува уште повеќе. Истовремено, иако неколку пати се обратил за помош од државата, но постојано е одбиван.

Кога здравствените власти немаат слух за ваквите случаи кои се оставени сами на себе, време е да се сплотиме и сите заедно со заеднички сили да се обидеме да му помогнеме на овој хуман човек. Време е да му се помогне на Грицко.

Доколку сакате да донирате за помош на овој прекрасен човек, ова се неговите податоци:

Небојша Додевски

Жиро сметка:

200003059366897
Стопанска Банка