Зошто децата се понемирни кога се со своите мајки?

деца родители
Прочитај за: < 1 минута

Мајки, дали сте забележале дека вашите деца се помирни кога не сте во нивна близина? Сигурно ова го има забележано секоја мајка. Речиси е универзално познато дека децата се понемирни кога се со својата мајка.

Не си замислувате. Психолозите знаат дека тоа се случува и уште поважно – знаат зошто. Важно е и вие да знаете.

За децата, домот е безбедно место. Секако, тие знаат дека ако земат ножици и скокаат на каучот, дефинитивно ќе западнат во неволја. И да, знаат дека удирањето на братот/сестрата е нешто што не смеат да го прават. Но, најмногу од сè тие знаат дека домот е едно од најбезбедните места за нив. Тие знаат дека можат да ви веруваат. Тие знаат дека ги сакате, без оглед на сè. И токму затоа се немирни кога се со мајката.

Кога децата се на училиште, на пример, тие го користат секој дел од нивната ограничена моќ над нивните импулси. Со други зборови, потребна е голема самоконтрола за тие да ги почитуваат правилата. Децата знаат што се очекува од нив во текот на училишниот ден. Тие треба да ги следат правилата. Тоа е нивна работа. Да ги следат правилата.

Кога ќе стигнат дома, тие се како шише газиран сок што бил тресен сè додека не пукне. Ако го отворите капачето пребрзо, ќе експлодира.

Ова не е нивна вина. Предизвик е нивните мали мозоци да го контролираат однесувањето толку долго време.

А потоа се појавувате вие. Личноста на која најмногу ѝ веруваат. Личноста што ги сака дури и ако не се совршени. Конечно можат да издишат и да се релаксираат. Можат да бидат свои во тој момент. Среќни. Гласни. Уморни. Неуредни.

Вие и понатаму ќе ги сакате – дури и ако им се налутите. И тие се сигурни во тоа.

Повеќе >> Деца Мк

SHARE