Проф. д-р Бранимир Несторовиќ: СПОРТОТ ВО МЛАДОСТА ГАРАНТИРА ЗДРАВА СТАРОСТ

Прочитај за: 2 минути

Меѓу бројните цитати кои му се препишуваат на Ајнштајн, постои еден кој вели дека животот е како возење велосипед: ако не сакаш да паднеш мора постојано да се движиш. Недостатокот на физичка активност, заедно со хроничниот стрес и погрешната исхрана, е една од главните причини за болестите на современиот човек. Повеќето луѓе под физичка активност подразбираат напорни физички активности, но основната човечка физичка активност е одењето. Во статијата на палеонтологот Лорен Кордејн е утврдено дека нашите предци минувале помеѓу 6 и 16 км дневно во потрага по храна. Жените покрај тоа ги носеле и своите деца во раце (некои проценки се дека носејќи го детето поминувале до 4 800 км до 4. година од животот на детето).

Денешната цивилизација ги лиши луѓето од потребата за одење. Во испитувањето од 2003 година во САД, мажите просечно поминувале 5 340, а жените 4 793 чекори дневно. Техничката дефиниција на седантерниот (седечки начин на живот) е помалку од 5 000 чекори на ден. Споредете го ова со Амишите во САД кои поминуваат 18 000 чекори (мажи), односно 14 000 (жени).

Здравствените ефекти на одењето се големи, но потсетувањето дека луѓето мора да одат е малку парадоксално (ние пред пред речиси 4 милиони години почнавме да одиме на две нозе). Физичката активност ги сузбива воспалителните процеси во организмот (а тоа се се модерни болести, од депресија, преку дијабетес, алергии и карцином). Познато е дека за време на физичка активност се намалува нивото на маркери на воспалителните болести, како што се Ц-реактивен протеин (CRP) или интерлеукин 6 (тој е главен двигател на сите воспалителни процеси во човечкиот организам). Во една студија е утврдено дека 20 минути брзо одење го намалува нивото на воспалителни маркери за околу 5%. Овој ефект е делумно предизвикан од излачувањето на познатиот стрес хормон, адреналин. Но, физичката активност мора да биде редовна, бидејќи ефектите се губат по некое време. Одењето има одличен ефект врз здравјето на кардиоваскуларниот систем. Овој ефект е со сузбивање на воспалувањата (кардиоваскуларните болести се воспалителни), но и ефектите на намалување на крвниот притисок и здравјето на миокардот (дури и 30 минути брзо одење има добри ефекти). Секако, не е сосема јасно колку физичка активност е потребна, бидејќи постојат докази дека прекумерното оптеретување на срцето за време на интензивно вежбање е штетно.

Повеќе >> pedijatar.mk

SHARE