Нов трет Ковид бран ја зафати Македонија – вакцини се уште договараме

Прочитај за: < 1 минута

Македонија дефинитивно се соочува со нова бран на корона вирусот. Податоците кои денеска и објави министерството за здравство го потврдуваат тоа. Серијата мутации кои циркулираат и од кои најголемиот дел се попреносливи од своите претходници си го сторија своето.

За 24 часа повторно имаме над 800 нови случаи што е прв пат во оваа година. Позитивни биле над 24% од тестовите што значи дека секој четврти тестиран од оние над 3300 тестови кои се направени вчера дал позитивни резултати.

Тоа е на нивото од најголемиот пик на пандемијата кон крајот на октомври и во текот на ноември минатата година.

За среќа помал е бројот на починати. Денеска се регистрирани само 5 а општо во оваа година во просек умираат речи си двојно помалку луѓе отколку лани.

Очекувано, кога расте бројот на нови случаи, расте и вкупниот број на активни случаи. Тоа го покажува и кривата на активни случаи која по пикот во декември имаше надолен тренд се до 15 февруари кога почна остро да се качува нагоре навестувајќи го новиот бран. Во моментов имаме 9.203 активни случаи што е на нивото на средината на октомври лани кога кривата забрзано растеше со по 800 до 900 случаи на ден, како што е случајот во последните неколку дена.

Во меѓувреме, сите држави единствен излез од оваа состојба гледаат во вакцинирање на населението но во Македонија вакцини се уште нема. Надлежните секој ден најавуваат дека вкацините ќе стигнат но до овој момент се што добивме е подарокот од Србија.

Извор: press24.mk

SHARE