Meшавина од индиски и британски: Се појави нов сој на коронавирус

Прочитај за: < 1 минута

Во Виетнам се појави нов вид на коронавирусот кој е мешавина од индискиот и британскиот.

Новата мутација се шири побрзо преку воздухот. Тоа е индиска верзија, но со мутации што првично беа својствени за британската верзија.Досега има седум варијанти на коронавирус во земјата.

Истражувањата покажаа дека новата варијанта се реплицира многу брзо и ова објаснува зошто толку многу нови случаи на инфекција се појавија во различни делови на земјата за краток временски период.

Извор: pressingtv.mk

SHARE