Ова овошје и зеленчук е буквално најотровно: Посебно внимавајте кога го купувате

Прочитај за: < 1 минута

Избегнувањето на конзумирање на овошје и зеленчук кои најмногу се третираат со пестициди е чекор кон поздрав живот. Купувањето органска храна е разнишан терен затоа што денес немаме пристап до производи што се 100 проценти органски

Шведските научници докажаа дека инсектите, фунгицидите и регулаторите за раст на растенијата можат да се акумулираат во телата на децата и возрасните.

Меѓутоа, ако не внесеме храна што е загадена со пестициди само две недели, нивото на овие токсини во нашето тело паѓа на нула.

Еве зошто е важно да се избегнува храна третирана со пестициди:

Здравје на мозокот: Документите од 2008 година наведуваат дека многу пестициди се сметаат за невротоксини кои можат да влијаат на мозокот на цицачите и луѓето. Истражувањата покажаа дека постои силна врска помеѓу изложеноста на пестициди и Паркинсонова болест – хронично и прогресивно нарушување на движењето.

Ризик од рак: Во 2015 година, Меѓународната агенција за истражување на рак ја информираше јавноста дека глифосат – најчесто користениот пестицид во светот, веројатно може да предизвика рак.

Извештајот од 2011 година открива дека глифосатот е помеѓу 60% и 100% од причините за загадувањето на воздухот. Во Европа, над 40% од подземните води се позитивни на глифосат, а Германците го пронајдоа овој пестицид во човечката урина. Глифосат се наоѓа и во човечката крв, па дури и во мајчиното млеко.

Здравје на децата: Децата се подложни повеќе на токсини отколку возрасните. Американската академија за педијатрија предупреди дека изложеноста на пестициди на рана возраст е поврзана со карцином кај деца, намалена когнитивна функција и проблеми во однесувањето. Истражувањата покажаа дека децата од предучилишна возраст изложени на пестициди имаат помала издржливост, послаба координација на очите и послаба краткорочна меморија отколку децата кои не биле изложени на истото ниво на токсини.

Повеќе >> Женски Магазин

SHARE