Пациентка скокнала од прозор од Клиниката за токсикологија, не е во животна опасност

Прочитај за: < 1 минута

Утрово пред 7 часот, од првиот кат на Клиниката за токсикологија, од прозор скокнала пациентка која била хоспитализирана на клиниката.

Станува збор за 26-годишна девојка од Скопје.

Од МВР велат дека девојката била пренесена во Ургентниот центар за укажување лекарска помош и дека се наоѓа надвор од животна опасност.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје и се испитуваат мотивите за несреќниот настан.

Извор: a1on.mk

SHARE