Почината пациентка од Струга немала коронавирус, но сепак е назначен нов директор

Прочитај за: < 1 минута

Министерот за здравство Венко Филипче одржа прес-конференција на која ги изнесе сите детали за новозаболените пациенти со коронавирусот и го честиташе почноправното челенство на нашата државата во НАТО Алијансата.

Пациентката од Струга која почина викендов, немала коронавирус, но назначен е нов директор на болницата, непосредно посмртно е земен брис, па кога ќе бидат готови ќе биде информирана јавноста, истакна министерот за здравство Венко Филипче.

-Денеска завршува инспекцијата од страна на Државниот санитарен инспекторат, нашите сознанија се дека има пропусти во целиот третман на заболената од реонот на Струга- рече Филипче.

Добрата вест, потенцираше Филипче, е дека денеска се испишани девет пацинети од Клиниката за инфективни болести, кои имаат два последователни негативни тестови.

-Пациентите кои имаа полесна клиничка слика, веќе закрепнуваат, во наредниве денови очекуваме закрепнување и на други пацинети кои ќе бидат упатени на домашно лекување- рече Филипче.

Министерот информираше за нов смртен случај, за 71-годишен пациент од Дебар, пацинет кој има коморбидитети.

-Потврдени се нови 26 случаи на пациенти со коронавирусот. Со ова вкупната бројка на заболени изнесува 285- рече Филипче.

Примени се осум нови пациенти на Клиниката за инфективни заболувања, сега има вклупно 47 хоспитализирани, на механичка вентилација се поставени тријца пациенти, а на кислородна поддршка дополнителни девет пацинети.

SHARE