Пановски: Граѓаните по вакцинација не треба да испитуваат антитела

пановски британски сој
Прочитај за: < 1 минута

Професорот на Медицинскиот факултет доктор Никола Пановски за Слободен печат вели дека граѓаните нема потреба да се изложуваат на трошок и да проверуваат антитела после вакцинацијата.

-Граѓаните што немаат антитела после втората доза од Синофарм, ќе бидат заштитени од тие граѓани што имаат антитела. Граѓаните не треба да испитуваат антитела и да не се оптоваруваат со тоа. Целта на вакцината не е индивидуално да се вакцинираме, туку да имаме колективен имунитет.

Тие што имаат послаб имунитет да бидат заштитени од другите. Значи не треба да се испитуваат антитела. Тие дваесет проценти што немаат антитела, ќе бидат заштитени од осумдесетте проценти кои имаат антитела а можеби и се веќе заштитени. Не знаеме за тоа, зашто антителата се само еден знак. Можеби имаат клеточен имунитет, изјави професор доктор Никола Пановски.

SHARE