Д-р Пановски: Со покус полициски час ќе има и помалку заразени

Д-р Никола Пановски
Прочитај за: < 1 минута

Вирусологот Д-р Никола Пановски вели дека „олабавување“ на полицискиот час е многу подобра опција од оној досегашниот кој започнуваше од 16 часот.

Пановски вели дека многу подобро ќе беше доколку воопшто не се воведуваше толку ригорозен полициски час.

„Мислам дека помалку  ќе се заразуваат сега кога е од 19 часот, отколку од 16, бидејќи помалку ќе се гужваат луѓето, кога се враќаат од работа, кога одат по продавници. Мислам дека ова е пологично, мислам дека не требаше воопшто да се воведува до 16 часот“, вели Пановски за ТВ Алфа.

SHARE