Напаѓа трет бран коронавирус, Пановски апелира брисеви да се земаат на отворено оти просториите се гнезда за вирусот

Прочитај за: < 1 минута

Денешните 807 новозаразени и неделниот извештај на Институтот за јавно здравје кој покажува зголемување на новозабоените за 56 отсто во однос на претходната недела, укажуваат на нов бран коронавирус во земјава. Бројката на новозаболени од крајот на јануари и во текот на февруари беше под 500 дневно, се до минатата среда кога скокна на 716, во саботата на 720, а вчера на 726 нови случаи. Процентот на позитивни лица од вкупниот број тестирани повторно се искачи над 20 отсто.

„Трет бран веќе постои, не очекувам да биде посилен од вториот“, вели микробиологот и професор на Медицинскиот факултет, Никола Пановски за „А1он“.

Тој постојано предупредува дека треба да се зајакнат мерките, но овој пат вели дека нема да укаже на зајакнување.

„Мерките кои ги препорачував не се прифатија пред вториот бран, нема да се прифатат ни сега, па не ги препорачувам“, вели микробиологот Пановски.

Микробиологот има совети за тоа што можат граѓаните сами да направат, за да се заштитат од коронавирусот, а предлага лицата кои се тестираат за Ковид – 19 да бараат брис да им биде земен на отворено оти просториите за тестирање смета дека се гнезда за ширење на вирусот.

Повеќе >> a1on.mk

SHARE