Д-р Пановски: Со 700 вакцинирани е исто ко да нема вакцинација, најдобро е заострување на мерките

пановски ковид
Прочитај за: < 1 минута

Се што можело да се набави во декември требало да се набави, досега ќе бевме позаштитени, ќе се спасеа животи, ќе се санираа последиците од ковид, а да не зборувам за економијата, требаше да имаме план Б или резерва, вели д-р Никола Пановски за ТВ 24.

– Можеше да се набават вакцини. Министерот рече дека „Модерна“ им нудела во декември 2 милиони вакцини. Тоа е многу, но можевме на пример да ги купиме и да ги поделиме со Албанија, Косово или Босна. Не ги знам деталите, но фактите се тие: Kај нас вакцинацијaта не е започната, ова 700 луѓе или 0 е исто. Tоа е само колку нешто да се презентира во медиумите – вели проф. д-р Никола Пановски.

Во меѓувреме расте бројот на потврдени случаи со новите мутации на вирусот. Во рок од два дена е забележано зголемување од 30% на заразените со британскиот сој на вирусот, a најзагрижувачка е ситуацијата во Прилеп, Охрид и Кавадарци.

Д-р Пановски вели дека единствен начин да се спречи ширењето е токму вакцинациајта, а до тогаш мора да се почитуваат мерките за заштита и да се носат маски.

– Најдобро е да се заострат мерките, но треба да се гледа и на психологијата на населението кое можеби од многу мутации ќе му дојде преку глава и може ќе дојде до протести, на Запад има мерки, но има и протести и не гледаме дека има некакви ефекти од карантините. Бидејќи вирусот чека. Сепак е респираторен , може само да се одложи до вакцината се додека повеќе лица се вакцинираат, но во никој случај не треба да има опуштање – вели проф. д-р Никола Пановски.

SHARE