Научно докажано! Слушнете ја песната што најмногу го подигнува нашето расположение

Don't stop me now
Прочитај за: < 1 минута

Песната Don’t stop me now од групата Queen е прва на листата песни кои го подигнуваат расположението, покажува новото истражување на холандскиот когнитивен невронаучник Д-р Џејкоб Џоли.

Научникот тврди дека песната ги има сите состојки кои се потребни за да биде најдобрата песна во светот, а својата листа од песни ја направил врз основа на три критериуми – позитивни зборови, ритам од 150 удари во минута и нота со висок тоналитет.

„Ваквиот вид на музика потсвесно поттикнува бранови на енергија“, вели Џоли кој за потребите на неговото истражување развил и математичка формула.

Поточно, неговото истражување се темели на анализа на податоци кои ги собра електронската компанија „Alba“, која замолила 2.000 луѓе да ги откријат своите омилени песни кои им го подобрувале расположението во изборот од 50 хитови кои ги одбележале последните 5 децении.

На второт место на листата се наоѓа песната „Dancing Queen“ од Аbba, на трето место „The good vibrations“ од The Beach Boys, а на четврото место е „Uptown girl“ од Били Џоел. Интересно е тоа што хитот на Фарел Вилијамс „Happy“ се најде на 10-то место.

Извор: fakulteti.mk

SHARE