Пет лица кои имаа контакт со поранешната директорка на Клиниката за кожни болести се позитивни на коронавирус

Прочитај за: < 1 минута

Пет лица кои имаа контакт со поранешната директорка на Клиниката за кожни болести се позитивни на коронавирус, кажа министерот за здравство Венко Филипче.

Поранешната директорка на 9 март имаше позитивен тест за коронавирус откако дошла од Италија, по што беше затворена Клиниката. Истиот ден во изолација беа ставени 203 лица, вработени на Клиниката за дерматологија, пациенти и нејзини колеги кои во текот на претходниот викенд биле на стручен симпозиум во еден скопски ресторан.

Во понеделникот им истече 14-дневната изолација на сите лица, и тие се тестираат деновиве. Од тестираните 30 досега, позитивни се пет, но тие ќе останат во домашна изолација, додаде министерот. Бидејќи станува збор за голема група, ќе се тестираат во групи.

Вкупниот број на заболени од коронавирус досега изнесува 177, од кои три лица починаа, а една е излекувана. Денеска почина третата пациентка, 66-годишната жена од Дебар која неколку денови беше на респираторна машина.

SHARE