Активност што ги сведува на минимум шансите да добиете некој вирус

Прочитај за: < 1 минута

Како најдобра, наједноставна и најефективна алтернатива повеќето експерти предлагаат спорт којшто не е физички пренапорен, а истовремено не опушта, а тоа е пливањето.

Најдобра одбрана од вирусите е силен имунитет, а освен со правилна исхрана се зајакнува и со физичка активност.

Нема потреба да чекате лето, доволно е да посетите затворен базен. Луѓето кои го практикуваат овој спорт имаат поголем број на бели крвни зрнца, кои се важни во борбата против инфекции и вируси.

Како што покало истражувањето спроведено на Универзитетот во Торонто, направено на 1.800 испитаници од 18 до 80 години, пливањето штити од вируси. По три месеци редовно пливање, во текот на зимата, утврдено е дека ниеден учесник не бил настинат. Пливањењто поволно влијае и на работата на срцето и крвниот притисок, подобрувајќи го капацитетот на плуќата, го намалува ризикот од мозочен удар и добро делува на линијата.