Во Скопје, на 68 годишна возраст почина познат хирург

Прочитај за: < 1 минута

Вчера во Скопје починал познатиот хирург, д-р Александар Христов.

„Вчера во Скопје на 68 годишна возраст почина Д-р Aлександар Христов добитник на наградата на град Струмица за заслужни личности кој несебично во целиот свој работен век им помогна на голем број сограѓани кои ќе го паметат како вреден хирург и човек пред се.

Нека почива во мир. Вечна му слава…“, се вели во објавата на „Струмица Денес.