Финска воведе 7 месеци породилно отсуство за двајцата родители

постпородилна депресија
Прочитај за: 2 минути

Финска направи значаен потег во намалувањето на стапката на постпородилна депресија кај мајките.

Владата на земјата, предводена од 34-годишната премиерка Сана Марин, и на двајцата родители им овозможува седум месеци породилно отсуство. Бремените жени добиваат дополнителен месец породилно пред да се породат.

Оваа новост ќе ја замени сегашната политика на земјата што обезбедува плата врз основа на полот во период од четири месеци за мајките и два месеца за татковците. Новата политика ќе стапи во сила во 2021 година.

Марин вели дека потегот ќе ја подобри родовата еднаквост и е дел од планот на нејзината влада да донесе широко распространети социјални реформи. Марин е најмладата премиерка во светот, а мнозинството нејзини членови на кабинетот се жени.

Со давањето подолго породилно отсуство на татковците прогресивната политика може да ги подобри физичкото и менталното здравје на мајките, се вели во истражувањето, но и може да ја намали постпородилната депресија. Истражувањата откриваат дека тоа што и двајцата родители ќе бидат дома по породувањето ја подобрува благосостојбата на новата мајка.

Додека сите се фокусираат на бебето кога ќе се роди, мајките се во ризик.

Во светски рамки 17,7 отсто од новите мајки доживуваат постпородилна депресија.

Додека потенцијалните причини за вознемиреност кај мајките се многубројни, истражувања направени во Шведска покажуваат дека со тоа што таткото ќе биде присутен и на располагање и ќе помогне со новороденчето може да доведе до големи придобивки во менталното здравје кај мајките. Шведска има најдолго породилно отсуство, по 240 дена на родител.

Кога татковците се дома, постои 14 отсто помала шанса да посетат лекар за компликации поврзани со породувањето. Исто така, постои 11 отсто помала веројатност да бараат рецепти за антибиотици и 26 отсто помала веројатност да имаат потреба од лекови против анксиозност.

Во 2012 година Шведска донесе реформа наречена „Двојни денови“ за да се овозможи платено родителско отсуство и за татковците и за мајките истовремено. Родителите можат да искористат до 30 дена во првата година од животот на детето, или сите наеднаш или во текот на целата година.

Резултатите наведуваат дека воспитувањето на детето е комбиниран напор.

Тоа што татковците се присутни им помага на мајките да закрепнат. Другите истражувања објавени овој месец откриле дека бременоста ги носи женските тела до екстремност, слично како да пешачеле до Арктикот или како да учествувале на Тур де Франс.

SHARE