„Посакав да умре“: Британец 10 месеци се бори со коронавирусот, можеби ќе користи респиратор до крај на животот

10 месеци корона
Прочитај за: < 1 минута

Еден од англиските пациенти кои најдолго се бореше со коронавирусот ќе мора веројатно цел живот да користи респиратор за да може да дише, рекла неговата сопруга, а пренесуваат британските медиуми.

Џејсон Келк поминал повеќе од 10 месеци на Интензивна нега во болница во Лидс бидејќи во март минатата година заболел од ковид-19. Овој 49-годишник и понатаму е на респиратор, неопходна му е дијализа, а дури неодамна за прв пат проодел откако бил заразен со коронавирусот.

– Ова беше многу долго и ужасно патување. Три недели ситуацијата беше несигурна. Беше многу, многу болен. До толку беше лошо што во април посакав да умре. Беше ужасно, изјавила неговата сопруга Сју Келк.

Келк која инаку била медицинска сестра, раскажала дека докторот рекол дека нејзиниот маж бил еден од шест или седум пациенти во Обединетото Кралство кој бил во таа состојба.

Заболел во март

Сопругата на Џејсон рекла дека нејзиниот сопруг во март минатата година имал проблеми со дишењето, а вработените во Итната помош предложиле тој да биде одведен во болница ради испитувања. Сју се надевала дека ќе се врати подоцна во текот на денот, но Џејсон бил позитивен на тестот за коронавирус.

Неговата состојба набргу се влошила, а на 3 април тој бил префрлен на ковид одделението на интензивна нега. Веќе следниот ден тој морал да биде ставен на респиратор, раскажува Сју за Скај Њуз.

Повеќе >> Слободен печат

SHARE