Пратеници и советници напред, хронично болните стој!

Прочитај за: < 1 минута

Револтот е огромен и затоа што преку системот „Мој термин“ за вакцинација се закажани луѓе со прележан ковид и антитела со параметар 20, што е висока заштита.

Владини советници со прележан коронавирус и претежно млади лица веќе се вакцинирани против ковид-19, додека хронично болните што се повозрасни чекаат да им дојде редот според возраста. Ваквата логика на приоритизација создава револт кај граѓаните што имаат коморбидитети и дел од нив решаваат да не чекаат, туку чарето да си го бараат во Србија.

Молев да ме вакцинираат, имам 56 години и трансплантиран орган, но ме одбија, требало да си го чекам редот. На крај заминав во Србија да се вакцинирам, – вели Соња Столеска, која на почетокот на април ја примила првата доза од вакцината против ковид-19 во Белград.

Петар Темелков од Скопје вели дека има 46 години и дијабетес, на работа мора да оди, секој ден е во контакт со луѓе, а за вакцина аплицирал на сајтот вакцинација.мк само што се отворил. Покана за вакцина сѐ уште не добил.

Мене навистина не ми е јасно кога ќе ги вакцинираат лицата со дијабетес, а многумина од починатите од ковид-19 имаа токму дијабетес. Секој ден стравувам да не заболам од оваа страшна болест – се пожали Темелков.

Повеќе >> Слободен Печат

SHARE