Преслатко: Татко со букет рози ги кани трите ќеркички на состанок за Денот на вљубените

татко ќерки
Прочитај за: < 1 минута

Грижлив татко ги израдува своите три ќеркички со тоа што им приреди изненадување на Св. Валентин. Со букет црвени рози тој се појави на вратата од домот и клекна на колено за да им ги подари цветовите на малите принцези.

„Единствените девојки со кои некогаш ќе прифатам да го делам неговото срце“ – пишува неговата сопруга на слаткото видео.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jaclyn (@the.hubers)

Таткото доби бројни пофалби за тоа што им дава пример на девојчињата за тоа како треба да бидат третирани од страна на нивните идни партнери.

„Вечерва беше нивната традиционална вечер татко-ќерка. Девојките со нетрпение го очекуваат овој ден секоја година. Симпатично е да ги гледам како се возбудуваат додека ја избираат облеката и модните додатоци. Тоа е специјален момент“ – напиша мајката во описот на фотографиите.

Повеќе >> Femina.mk

SHARE