Битолскиот професор Трајковски направи „што доколку“ сценарио и објасни зошто треба да останеме будни

Прочитај за: < 1 минута

Професорот по Механика Дејан Трајковски од Битола, во услови на големо смирување на опандемискиот вирус, ги анализираше сите аспекти кои можат да се очекуваат во следниот период:

„11.05.2021. Привидното нарушување во динамиката на епидемијата поради намаленото велигденско и првомајско тестирање полека останува зад нас, па ефективниот репродукционен број Rt (со 15-дневно усреднување) како да се враќа на некоја стабилна вредност од околу 0,77.

Да се надеваме дека претстојното попуштање на мерките нема многу да ја наголеми неговата вредност, односно нема повторно да излезе над единица (т.е. дневните бројки во просек нема да започнат да се зголемуваат).

При Rt=0,77 дневните бројки во просек се намалуваат секој ден за околу 5,1%. Со ова темпо на намалување за околу 33 дена (околу средината на јуни) би можеле до дојдеме до спорадично заразување (само 20 нови случаи за 14 дена на 100.000 жители).

Вкупниот број на случаи до тогаш не би требало да надмине 160.000 случаи, бидејќи секојдневно ќе се додаваат се помалку и помалку случаи.”

Повеќе >> galama.website

SHARE